Во маж во Атина испукани се 10 куршуми, се трага по напаѓач на мотор

Еден човек е убиен утрово во северните предградија на Атина кога бил застрелан од мотоциклист, соопшти полицијата.

Од полицијата велат дека трагаат по напаѓачот, објави Катимерини.

Според првичните податоци, убиецот бил на мотор и дошол до автомобилот „БМВ“ и пукал во жртвата најмалку десетпати пред да успее да побегне.

Престрелката се случила во 8 часот и 30 минути по локално време во фреквентен дел од градот.

Застреланиот бил партнер на сопственикот на автомобилот.