По 120 минути игра и изведување на пенали Кристијано Роналдо славеше победа против Словенија, но целиот натпревар за него беше вистински кошмар бидејќи противничкиот голман Јан Облак го доведе до солзи.
Роналдо се обидуваше да постигне гол во текот на целиот натпревар, но не му одеше според планираното. Четири пати изведе слободни удари, излезе и сам пред словенечкиот голман, но Облак во секоја прилика беше поуспешен.
Капката што ја прели чашата се случи во првото од двете продолженија од по 15 минути кога главниот судија Даниеле Орсато досуди пенал за Португалија. Роналдо ја презеде одговорноста, но Облак уште еднаш направи фантастична одбрана.
По промашениот пенал, славниот Португалец беше обземен од емоции и не можеше да ги сокрие солзите на средината од теренот во Франкфурт.
Сепак, за време на пенал-рулетот, кој на крајот го реши патникот во четвртфиналето, Роналдо повторно ја презеде одговорноста шутирајќи прв и конечно го совлада Облак. По голот веднаш им се извини на португалските навивачи.
За се се огласи по натпреварот и официјализираше дека летово се збогува со Европските првенства. Роналдо потврди дека ова му е последен настап на ЕУРО.
„Ова ќе биде моето последно Европско првенство, се разбира. Но, не сум трогнат поради тоа, туку поради ентузијазмот. Жал ми е за навивачите. Секогаш ќе го давам најдоброто од себе за овој дрес, без разлика дали промашувам или не. И ќе го правам тоа цел живот затоа што мора да се преземе одговорност“, рече Роналдо.
🚨🇵🇹 Cristiano Ronaldo: “This will be my last Euro, of course”.
“But I’m not moved by this, I’m moved by enthusiasm”.
“I was sorry for the fans. I’ll always give my best for this shirt, whether I miss it or not. And I’ll do this my whole life. You have to take responsibility”. pic.twitter.com/lFlfs8nPo6
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) July 1, 2024