Деветнаесетгодишно момче загина во сообраќајна несреќа откако со возило излета од регионалниот пат Куманово – Липково.
Според МВР, сообраќајката се случила вчера во 17.20 часот на регионалниот пат Куманово – Липково, во с. Оризаре, Липковско, кога патничко возило „опел зафира“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Р.А.(21) од с. Никуштак, општина Липково, излетало од коловозот.
„Во несреќата од здобиените повреди на местото починал сопатникот Р.А.(19) од с. Никуштак, а лекар од Здравствен дом Липково констатирал смрт. Возачот Р.А. се здобил со телесни повреди, констатирани во болницата во Куманово“ – соопшти МВР.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.