„34 години откако воскресна и се возобнови идејата на историското ВМРО и борбата за слободна, суверена и независна Македонија. 34 години, секој ден и секој час генерации на членови на ВМРО-ДПМНЕ докажуваат дека се достојни на името на организацијата и се вложуваат себеси за идејата, без разлика на цената“, сподели екс шефот на УБК, Сашо Мијалков.
Имав можност да дадам дел од себе за формирање на партијата и нејзиното раснење и развивање.
Имав можност преку партијата, да помогнам во реализација на основната идеја на нашите претци за изградба на Македонија во модерна, европска земја каде македонскиот народ и останатите ќе се чувствуваат како свои на своето.
Секоја генерација има свои предизвици, а пред новата се наоѓа сериозната задача да ја врати вербата на граѓаните после седум години хаос и да обезбеди просперитет.
Новата генерација има обврска да ги чува идеалите, да ги надгради и да учи од успесите и грешките на претходните.
Сигурен сум дека новата генерација ќе ја оправда довербата добиена од граѓаните.
ВМРО е Македонија. Македонија е ВМРО.
Силно ВМРО-ДПМНЕ значи силна Маледонија.
Да се множат јубилеите.
Да живее ВМРО-ДПМНЕ.
34 години ВМРО-ДПМНЕ , 131 година ВМРО, сподели Мијалков