Одредени компании го поскапеа лебот за 10%

Белиот и полубелиот леб на парчиња на одредени компании поскапел за 10%, односно наместо за 29 како досега, се продава за 33 денари. Според мелничарите, тоа е импликација на зголемените цени на пченицата на светските берзи.

Од Групацијата на мелничко-пекарската индустрија посочуваат дека ова се должи на зголемените цени на пченицата на светските берзи и поскапото брашно.

-Одредени компании го поскапеа лебот за 10 отсто зашто цените на брашното се зголемија за десетина проценти. Останатие пекарски производи остануваат на истото ниво. Очекуваме цената на лебот да се стабилизира со почетокот на жетвата, информира претседателот на Групацијата на мелничко-пекарската индустрија при Стопанската комора, Горан Малишиќ.

Стабилизирање на ситуацијата се очекува со почетокот на жетвата, кога цената на лебот треба да се врати на исто ниво како што беше досега. Нема промени кај останатите пекарски производи.

Минатиот месец некои од пекарите тврдеа дека лебот нема да поскапи следните два месеца, како и дека неговата цена е стабилна.