„Венко (Заев) за вас вратата е затворена“. Ваква порака напишана на транспарент осамна пред општинската организација на СДСМ во скопската населба Аеродром.
Веднаш се огласија од Општинската организација на СДСМ од Аеродром од каде најостро го осудија чинот за поставување на транспарентот против кандидатот за претседател на партијата, Венко Филипче.
– СДСМ Аеродром не стои зад овој настан кој го сметаме за саботажа од страна на други политички субјекти со цел да внесат раздор во партијата – се вели во реакциајта на општинската организација на СДСМ.
Венко Филипче се кандидира за нов лидер на СДСМ, а тој важи за мошне близок до поранешниот лидер на партијата – Зоран Заев.