Петровска ја почна кампањата за лидер на СДСМ

Екс министерката за одбрана и актуелна пратеничка на СДСМ, Славјанка Петровска официјално ја започна кампањата за претседателка на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија.

На стартот на кампањата, која ја започнала од Општинската организација на СДСМ во Бутел, Петровска ја презентирала програмата насловена како „Манифестот за Социјалдемократија“.

„Го презентиравме ‘Манифестот за Социјалдемократија’ програмата со која планирам големи реформи во СДСМ и да го вратиме победничкиот дух, затоа што тоа е за доброто на државата. Благодарам на сите за масовната поддршка на првиот ден од кампањата“ – пишува Петровска во објавата на Фејсбук во која информира за стартот на кампањата.

Петровска е една од четирите кандидати за лидер на СДСМ покрај ексминистерот и пратеник Венко Филипче, директорот на Дирекцијата за технолошко-индустриски развојни зони (ТИРЗ), Јован Деспотовски, и актуелниот заменик-министер за информатичко општество и администрација, Александар Бајдевски.