Европскиот комесар за соседство и проширување, Оливер Вархеји, денеска во Сараево, по состанокот на политичкиот форум на високо ниво за европска интеграција на БиХ, изјави дека земјата ќе добие 1,8 милијарди евра од ЕУ, но дека пред тоа мора да го донесе Законот за буџетот на институциите БиХ.
Вархеји рече дека земјата донела голем број позитивни одлуки во претходниот период, како и дека треба да донесе четири „критични“ закони, објави Klix.ba.
Претседавачот на Советот на министри на БиХ, Борјана Кришто, рече дека на состанокот може да се слушне решителноста на сите учесници кога е во прашање европскиот пат, како и спроведувањето на преостанатите реформи.