Судскиот Совет одобри притвор и му го одзеде имунитетот на приведениот врховен судија Наќе Георгиев

Судскиот Совет одобри притвор и му го одзеде имунитетот на врховниот судија Наќе Георгиев кој вчера беше уапсен со 10.000 евра под сомнение дека вршел кривично дело „Примање награда за противзаконито влијание”.

Одлуката е донесена ноќеска на итна седница на Судскиот Совет.

Во продолжение соопштение на Судскиот Совет:

Судскиот совет на Република Северна Македонија на 487-та итна нејавна седница одржана на ден 21.05.2024 година расправаше и одлучуваше по барање на Основен кривичен суд Скопје за одземање на имунитет на судија и за одобрување на притвор на судија и ги донесе следните одлуки:

– ГО ОДЗЕМА имунитетот на судија на Врховниот суд на РСМ, заради непречено водење на кривичната постапка;

– ГО ОДОБРИ барањето за одобрување на притвор на судија на Врховниот суд на РСМ поднесено од судија на претходна постапка на Основниот кривичен суд Скопје и

– ВРЕМЕНО ГО ОДДАЛЕЧИ од вршење на судиската функција судијата на Врховниот суд на РСМ, до правосилно завршување на кривичната постапка.