Во Србија се зголемува бројот на нови случаи со Ковид 19, а амбулантите повторно се преполни.
Епидемиолозите предупредуваат дека во наредните денови може да се очекуваат голем број нови случаи.
Тамошното Министерството за здравство во последните 24 часа регистрираше 9.122 пациенти позитивни на коронавирус, што преставува најголем број на досега евидентирани заразени на дневно ниво од почеток на пандемијата.
Починати се 19 лица, а тестирани се вкупно 27.290 граѓани.
На респиратори има 79 пациенти, а хоспитализирани се вкупно 2.200 пациенти.