СЗО: Омикрон нема да е последна варијанта на коронавирус

„Високо заразниот сој Омикрон на коронавирусот создава помалку опасен тек на Ковид-19 од глобално доминантниот делта сој, но не треба да се карактеризира како „благ“ – изјавија денеска лидерите на Светската здравствена организација – (СЗО).

Шефот на клиничкиот менаџмент на СЗО – Џенет Дијаз рече дека претходните студии покажале дека постои намален ризик од хоспитализација поради омикронот, во споредба со делтата сојот, пренесоа британските медиуми.

„Опасноста е помала и за младите и за постарите“ – додаде Дијаз.

Генералниот директор на СЗО – Тедрос Аданом Гебрејсус рече дека сојот Омикрон не треба да се смета за „благ“ бидејќи негативните рекорди паѓаат низ целиот свет, здравствените системи се поплавени и владите се обидуваат да го „скротат“ вирусот, што досега уби повеќе од 5,8 милиони лица.