Трамп за Бајден: Ја уништува нацијата и дополнително ја дели Америка

Екс-претседателот на САД – Доналд Трамп реагираше на говорот на актуелниот претседател – Џо Бајден, по повод првата годишнина од насилниот упад на разулавената толпа во „Капитол Хил“ при што го обвини за „уништување на нацијата“.

„Актуелниот претседател го искористи моето име денеска за да се обиде дополнително да ја подели Америка. Медиумските соучесници тоа го нарекуваат голема лага, а големата лага всушност беа самите избори. Демократите сакаат да го имаат овој ден, 6. јануари, за да можат да ги подгреат стравовите и да ја поделат Америка“ – рече Трамп.