Кои се приоритетите на Франција за време на претседавањето со ЕУ?!

Денеска во Париз се одржува првата неделна средба на 27-те еврокомесари.

Францускиот претседател Емануел Макрон најави амбициозен план за претседателството во надеж дека ќе успее да протурка редица клучни прашања во следните шест месеци, јавува „ДВ“.

При преземањето на претседателството со ЕУ тој рече:

„Француското претседателство мора да биде момент на вистина за регулација и одговорноста на дигиталните платформи, регулација на цената на производите и услуги со висока стапка на емисија на јаглерод диоксид, минимални плати и нашиот однос со Африка.“

Франција го презема претседателството со ЕУ од Словенија, која беше на чело на Унијата во втората половина од 2021, додека првите шест месеци беа под палката на Германија.

За време на претседавањето со ЕУ, претседателот Макрон сака да покрене две главни поглавја од европското законодавство за дигитална заштита.

Европската комисија во декември 2020 даде предлог Закон за дигитални услуги (ДСА) и Закон за дигитални пазари (ДМА) и Париз се надева дека преговорите по овие прашања во Европскиот парламент и владите на земјите членки ќе бидат завршени во текот на овие шест месеци додека Франција е на чело на ЕУ.

Меѓу другите приоритети, според пишувањата на „Дојче веле“ кои планира да ги реши француското претседателство се и минимална плата ширум ЕУ, како да се оданочат глобалните корпорации и потенцијално да се прилагодат правилата на ЕУ за владино финансирање на одредени индустрии за да може да се натпреваруваат со глобалните играчи како Кина и САД.