69% од новозаразените и 80% од починатите со Ковид 19 се невакцинирани
Министерството за здравство во објавената анализа за периодот од 06.08 до 18.11.2021 година сублимира дека на територија на државата 53.682 граѓанин се позитивни од тестирани на Ковид 19.
Од нив 31% биле целосно вакцинирани, односно 16.702 лица.
Од МЗ соопштуваат дека е голем бројот на невакцинирани граѓани кои се заразиле со Ковид 19.
Статистиката покажува дека за изминативе месеци, 36.980 граѓани, односно 69% од позитивните на Ковид 19 не биле вакцинирани.
И смртноста кај невакцинираните е драстично поголема, покажува анализата. Во период од 6.08 до 18.11.2021 на територија на државата од вкупниот број починати, 80% биле невакцинирани, а 20% од починатите примиле вакцина.