Димитров од Мадрид: Вложивме политички капитал, но кога ветувањето не е исполнето, довербата станува проблем

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Никола Димитров од Мадрид  каде е дел од настанот, „Идното проширување на ЕУ: изгледи и замки порача дека процесот на проширување е процес на комплетирање на Европа и заокружување на проектот за обезбедување траен мир и просперитет на континентот.

„Со проширувањето на ЕУ со земјите од регионот, картата на Европа нема да се прошири, ќе остане иста, симболично кажано – единствено сегашната сива зона ќе стане сино-жолта. Затоа треба да зборуваме за комплетирање на обединувањето на Европа“ – рече Димитров.

Тој потенцијараше дека во Македонија „ја усовршивме трпеливоста бидејќи причината за одложување на почетокот на пристапните преговори не беше неисполнувањето на копенхашките критериуми, туку билатерален спор. Вложивме огромен политички капитал на основа на ветувањето од ЕУ, меѓутоа кога ветувањето не е исполнето, довербата станува проблем и ЕУ го губи своето влијание во овој стратешки важен регион“.