Австрија станува прва земја од ЕУ со задолжителна вакцинација против Ковид 19

Од понеделник сите граѓани во Австрија, а не само невакцинираните, ќе бидат во карантин десет дена. Владата на оваа земја одлучи од 1 февруари 2022 година вакцинацијата против Ковид 19 да е задолжителна за сите во земјата.

Така Австрија стана првата земја од ЕУ што воведе општа обврска за вакцинација против коронавирус.

Австрискиот канцелар, Александар Шаленберг на прес-конференција изјави дека не било лесно да се усвојат ваков тип мерки, но смета дека таквите чекори морало да се преземат заради лошата епидемиолошка состојба.

Шаленберг додава дека карантинот, кој стапува на сила во понеделник, ќе трае најмногу 20 дена за вакцинираните и излечените од коронавирусот.