Борисов: Ниту сакам да сум министер, ниту пратеник, ниту премиер

Вели дека бил подготвен на секакви компромиси и отстапки во име на народот. Борисов не одговори со кого би коалицирал, но беше категоричен дека тоа нема да биде со партијата на турците ДПС и со Преродба која важи за про-руска политичка партија.

-Ниту сакам да сум министер, ниту пратеник, ниту премиер. Мојата морална победа е врв на тоа што сакав да се случи – ГЕРБ е прва политичка сила. Ќе предложиме така како што беше во 90-тите години, контактна група од преговарачки екипи. Вклучително ќе поканиме луѓе кои се со беспорна репутација, прво по најважната тема, анти-путиновата тема. Ќе го поканам Плевнелиев, Соломон Паси, ќе оставиме и тие да предложат луѓе, и тие да направат круг од преговори меѓу политичките партии за секој да се изјасни,-Бојко Борисов – Претседател на ГЕРБ.

Во меѓувреме, и социјалистите на Корнелија Нинова најавија дека нема да поддржат Влада предводена од ГЕРБ, но не исклучуваат соработка со Преродба.

-Тоа очигледно ќе треба да биде Влада без ГЕРБ и ДПС.

-Ако е така, ќе треба да биде со „Преродба“ сите + „Преродба“ без ГЕРБ и ДПС

-Може да се разгледува варијанта за некаква поддршка без учество внатре во (Владата), и за нас постои таа варијанта,–Кристијан Вигенин – Потпретседател на БСП.

До сега од сите седум политички партии кои влегоа во парламентот, единствено партијата на турците ДПС најави дека би соработувала со ГЕРБ, сите останати политички патии одбија било каква собработка со партијата на Борисов која ја сметаат за корумпирана и нереформирана.

Инаку, во новиот бугарски парламент, ГЕРБ има 67 пратеници или 14 повеќе од Продолжува промената на Кирил Петков и Асен Василев. Трето пласирана е ДПС, а зад неа е крајно радикалната „Преродба“ која на овие избори двојно ги зголеми гласовите. За формирање на Влада потребни се 121 глас во бугарското собрание, бројка која ниту една политичка страна не би можела да ја добие без соработка со ДПС или „Преродба“