22 лица починаа, а 16 се хоспитализирани во Истанбул – се затруле со алкохол

Најмалку 22 луѓе починаа во Истанбул, а 16 се хоспитализирани и се во тешка здравствена состојба откако пиеле нелегален алкохол. Турските власти јавуваат дека 11 од починатите и 5 од хоспитализираните се странци.

Полицијата уапси четири лица под сомнение дека се поврзани со производство и продажба на алкохол.

Во изминатите четири дена од труење до метил алкохол починаа 26 луѓе во девет турски провинции.

Властите извршија рација на околу 300 локации низ Турција и запленија илјадници литри нелегален алкохол.