Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (06.06.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 181 меркa, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 42 санкции, седум мерки за возење без возачка дозвола, 14 санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл.
Изречени се седум мерки за користење мобилен телефон при возење, 15 санкции за непрописно престројување на возила, четири мерки за технички неисправни и нерегистрирани возила, пет санкции за возење под дејство на алкохол…
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.