176 луѓе ги загубиле животите годинава во сообраќајки по албанските патишта

По албанските патишта, од јануари до ноември годинава се случиле 1.257 сообраќајни несреќи, што е за136 несреќи повеќе споредено со истиот период минатата година.

„Од јануари до ноември годинава животот го загубиле 176 лица, наспроти 168 во истиот период минатата година а повредени се 1.550 лица. Само во ноември низ државата се случиле околу 106 сообраќајни несреќи, при што 11 лица го изгубиле животот а 156 се повредени. Одговорни во најголем дел се возачите на моторни возила или во 85,8 отсто, соопшти Институтот за статистика во Албанија.

Просекот на дневни сообраќајки на албанските патишта е 4, најмногу од нив во Тирана, па Лежа, Фиер и Драч – најмалку во Валона.