129 казнети возачи во Скопје

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (17.04.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 129 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 24 санкции, 12 мерки за возење без возачка дозвола, четири санкции за минување на затворен сигнал – црвено светло, четири мерки за користење на мобилен телефон при возење…

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.