Џонсон до Путин: Воена интервенција во Украина ќе е стратешка грешка

Премиерот на Велика Британија – Борис Џонсон го повика рускиот претседател – Владимир Путин да ги смират тензиите кон Украина, затоа што, воена интервенција би била стратешка грешка со големи последици.

Џонсон „ја изразил искрената загриженост на Велика Британија поради трупањето руски сили на украинската граница и ја повторил важноста од смирување на тензиите преку дипломатски канали“.

„Премиерот истакна дека Велика Британија е посветена на интегритетот и суверенитетот на Украина и предупреди дека секој обид за дестабилизација ќе биде стратешка грешка што ќе има големи последици“, се вели во соопштението од Даунинг стрит.