СЗО: По пандемијата доаѓаат сиромаштија, глад, нееднаквост, болести и климатски промени

„По завршувањето на пандемијата на коронавирусот, човештвото ќе се соочи со посериозни предизвици од претходно. Тие ќе бидат поврзани со сиромаштија, глад, нееднаквост, болести и климатски промени“. Ова го изјави генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО) Тедрос Гебрејесус.

„Кога ќе заврши пандемијата, ќе се соочиме со многу полоши предизвици од претходно: сиромаштија, глад, нееднаквост, болести, климатски промени“ – рече тој.

Гебрејесус потенцира дека „пандемијата покажа дека ако здравјето е загрозено, тогаш сите се во опасност“.