Иван Илиевски е нов в.д директор на ЈСП Скопје

Иван Илиевски е нов в.д. директор на Јавното сообраќајно претпријатие Скопје (ЈСП). Тој доаѓа на местото на доскорешниот директор на претпријатието – Кристијан Чушков.

„Илиевски долги години работи на раководни позиции во Авто Мото Сојуз на Македонија и Македонија Сообраќај Америт. Во текот на својот професионален ангажман, работи и за развој на Центрите за обука на институции, како сертифициран инструктор на IRU Academy (Академија на Унијата за патен транспорт) за обука на Менаџери на транспортни компании, возачи во меѓународен патен транспорт и транспорт на опасни материи. Илиевски e член и на Советот за безбедност во сообраќајот на патиштата на Град Скопје“ – информираа од Град Скопје.