Ќучук: По измените на Уставот нема да има други услови на патот кон ЕУ

Виновници за нетрпеливоста помеѓу Бугарија и Македонија се оние кои не сакаат да има добри односи меѓу лугето, истакна Илхан Ќучук во најновото издание на Трилинг

,,Иако се договорени договори мегу универзитети, училишта,образовни,културни програми, кои имаат за цел да ги зближат од двете страни на границата, оние што не сакаат да ја видат ЕУ обединета. Оние што не сакаа да ја видат С. Македонија и со тоа западен балкан дел од една унија која има вредности и правила врз основа на правото и демократските стандарди. Таму сакаме да бидеме сите. И Бугари, и Македонци, и Турци, Албанци, Роми кои се насочиле кон патот на добросостојбата,кон создавањето на реалности кои се европски.Тоа треба да биде, не само желба, туку секој ден ние политичарите да работиме за остварување на таа цел” – истакна тој.

Тој одговори негативно на прашањето дали договорот во 2017 година меѓу двете земји всушност релациите мегу Скопје и Софија всушност наместо да бидат доближени напротив се оддалечија.

,,Не мислам така, зошто договорот од 2017 година постави јасни параметри. Тој е добар како договор но тој треба да биде целосно исполнет. Многупати сме зборувале со вас,барањето на заедничко не е лесна работа.”

Според него, никој не го одрекува правото на постоење на македонската нација.

,,Нормален политичар и граѓанин, никој не му го одрекува правото на самоопределување на кој било. Но треба да се почитуваме онакви какви што сме. Треба да ги политуваме човековите права и слободи. Треба да бараме гаранции за владеење на правото” вели тој.