Јорданов: Дефектите во водоснабдувањето настануваат поради застарената водоводна мрежа

Градоначалникот на Штип Иван Јорданов укажува дека Штип долго време се соочува да остане без вода поради дефекти и ова е проблем кој ќе рефлектира финансиски сретства за целосно решавање. Премногу често има прекини на вода и советниците велат дека ова е голем проблем и има преку 300 прекини на водата.

Директорот на Исар, Трајче Здравков смета дека мрежата е 11.5 км се поцинковани цевки, адел азбестно цементни цевки од минатото. Линијата е толку стара, што некои примарни и секундарни мрежи се стари над 50 години.

Градоначалникот смета дека дефектите настануваат поради застарената водоводна мрежа. Штип како најголем потрошувач на вода во Источна Македонија и огромните инвестиции требаше одамна да го решат проблемот со водоснабдувањето на неколку оштини. За решање на новите проблеми се бараат нови инвестиции.

– Станува збор за инвестиции во вредност од 3,5 милиони евра од трите проекти, самопридонес, Тафт и министерство за животна средина. Тие се доволни Штип во наредните 3-4 години да ја проимени водоводната мрежа и да го реши проблемот со водоснабдувањето. Штип не е изолиран од другите општини. – вели Јорданов.

Вели дека ако имаат сретства кои не би ги префрлале на министерството за финансии за враќање на стар долг и ако не се зголемеа трошоците за нафта и енергенси, истите тие би биле инвестирани на месечно ниво во промена на водоводната мрежа.