
Шукова: Мојата визија за Скопје е град што создава можности, особено за младите
Според неа, град Скопје отвора младински хабови што би ги поврзале младите со компаниите што бараат луѓе за работа. Во нив би се одржувале обуки и тестирања за насочување на младите, за правилен избор на средно и високо образование, а би соработувале и со Агенцијата за вработување и Фондот за иновации и технолошки развој.
Мојата визија за Скопје е град што создава можности, особено за младите. Затоа, како градоначалник имам јасен план за младински хабови, современи урбани простори, каде младите добиваат директен пристап до компании, обуки, ментори и финансиска поддршка за нивните идеи. Младински центри, младински хабови по примерот на големите светски метрополи, изјави кандидатката за градоначалничка на Скопје од СДСМ и коалицијата, Каја Шукова.
Според неа, град Скопје отвора младински хабови што би ги поврзале младите со компаниите што бараат луѓе за работа. Во нив би се одржувале обуки и тестирања за насочување на младите, за правилен избор на средно и високо образование, а би соработувале и со Агенцијата за вработување и Фондот за иновации и технолошки развој.
-Овие центри ќе овозможуваат и скромна финансиска поддршка на бизнис плановите на нивните посетители, но ќе служат и како врска меѓу младите и инвеститорите за олеснување на патот за успеси во бизнисот. Во овие центри обезбедуваме и поврзување со компании што бараат нов кадар, советување за избор на образование и кариера, обуки за дигитални вештини, претприемништво и личен развој, финансиска и менторска поддршка за млади претприемачи, подвлече Шукова.
Додаде дека се планира изградба на катна гаража „Беко“, слободно комерцијално-деловно простории во објектот „Воена кула“ кај нова железничка во Аеродром, приземје и сутерен, простории во сопственост на градот.
-Имаме решение и за подобра социјална поддршка преку градскиот ваучер „Скопје за сите“, годишен пакет што нуди бесплатен превоз, пристап до Зоолошката градина, Музеј, библиотеки и културно активности, како и субвенции за паркинг и спорт. Ваучерот е наменет за младите, семејствата со пониски приходи, пензионерите и лицата со попреченост, рече Шукова.
Во образованието посочи дека ќе се вложува во реновирање и современо опремување на училиштата, дополнителни програми по учење и зголемена поддршка на младинските проекти за 300 отсто.
-Имаме план за мрежа на младински центри, нова гимназија во Аеродром, како и за дигитализација на наставата и фонд за стипендии за спортисти и талентирани ученици, рече на крајот Каја Шукова, кандидатката за градоначалничка на Скопје од СДСМ и коалицијата.
Таа смета дека со овие мерки Скопје создава основа за град што ги задржува младите, отвора квалитетни работни места и вложува во знаење и иднина.