Штајнмаер: Државата не може да ви стави маска, ни да ве вакцинира, секој мора да си ја врши должноста

Претседателот на Германија – Франк-Валтер Штајнмаер во божикниот говор порача дека слободата, довербата и одговорноста добија ново значење во екот на пандемијата со коронавирусот и индиректно ги повика оние кои одбиваат да се вакцинираат против коронавирусот да ја преиспитаат својата одлука.

„Државата не може да ви стави маска, ниту да ви се вакцинира. Но секој од нас мора да си ја врши својата должност. Мило ми е што огромното мнозинство луѓе го препознаа потенцијалот на вакцинацијата. Точно е дека во демократијата не можеме да бидеме на исто мислење. Но, ве повикувам да го запомните ова: ние сте една земја“ – рече Штајнмаер.

Тој е уверен дека изминатите 12 месеци дале надеж, со оглед на големата солидарност со жртвите од поплавите и работата на оние кои се борат со коронавирусот.