Јетон Шаќири – министерот за образование и наука рече дека е отворен за комуникација со СОНК за нивното барање за покачување на платите на наставниците. Порача дека нема придобивки да се прави штрајк. Инсистира на директна комуникација со СОНК.
„Јас претходната недела имав состанок со претседателот и двајца претставници на СОНК, а крајот на неделата ќе реализирам уште еден состанок на кој ќе присуствуваат и претставници од Министерството за финансии, отворени сме за комуникација и во најбрзо време ќе дадеме одговор за овој многу важен процес“ рече Шаќири за барањето за повисока плата на наставниците, по покачувањето на минималната плата.
„Oтворени сме за комуникација. Оваа недела пак ќе реализирам состанок, а на тој состанок освен МОН ќе присуствуваат и претставници од Министерството за финансии. Можно е да биде до крајот на оваа недела или почетокот на другата недела“ – рече денеска Шаќири.
Тој рече дека нема информација кога ќе почне скринингот на учениците, меѓутоа вели дека процесот е во тек и најверојатно ќе се реализира во следниот период.
– Немаме информација од Министерството за здравство, но тие соработуваат со Комисијата за заразни болести. Денеска има состанок, сигурно во наредниот период може да го организираат и скринингот. Нема никаква информација денеска кога почнува, рече Шаќири.