Бучковски: Ако не условуваат да признаеме дека Гоце Делчев бил Бугарин, не мора да станеме членка на ЕУ

„Ако ни биде поставен услов да признаеме дека Гоце Делчев е Бугарин во замена за членство во Европската Унија, тогаш не мора никогаш да станеме членка на ЕУ“. Ова е ставот на екс-специјалниот владин преговарач со Бугарија – Владо Бучковски.

„Нема да влеземе во ЕУ ако мораме да признаеме дека Гоце Делчев е Бугарин, истакна поранешниот специјален преговарач на Македонија со Бугарија“ – вели Бучковски во интервју за бугарска „Нова“.

„Имам голема почит кон Гоце Делчев поради начинот на кој растевме ние Македонците – со митот, легендата за големиот апологет. Но, од друга страна, Гоце се борел за слобода не само во Македонија, туку и во Едрене. Тој е големиот револуционер, кој мислам дека е фигурата што ја прикажува нашата заедничка историја. Па ако ни биде поставен услов да признаеме дека Делчев е Бугарин во замена за членство во Европската Унија, тогаш не мора никогаш да станеме членка на ЕУ. Мислам дека тоа не е патот кој нѐ води кон целта“ – вели Бучковски.

Тој смета дека Гоце Делчев би се срамел ако види на кои теми се расправаат Македонците и Бугарите.

„Би се срамел и мислам дека и сега се превртува во гробот, поради неговите идеали, поради неговите идеи. Денес тој би бил еден од најголемите космополити. Во време кога двете влади демонстрираат волја со нова методологија да зборуваат не само за историјата, туку повеќе да зборуваат за иднината, мислам дека опозицијата во нашиот парламент прави нешто што не треба да се прави во овој момент“ – истакна Бучковски.