Ултиматум од Украина за Русија

Средба Украина – Русија, заедно со други европски лидери. Ова е пораката што официјален Киев го упатил до официјален Кремљ.

Дмитриј Кулеба – украинскиот министер за надворешни работи рече дека Русија има 48 часа да одлучи дали ќе седне на преговарачка маса со Украина поради концентрирањето на руски војници долж нивната граница.

Во исто време, Русија негираше какви било планови за инвазија на Украина и покрај тоа што натрупала околу 130.000 војници на границите на Украина.

Бројни претставници на администрацијата на САД, на Велика Британија и на други западни земји информираа дека неделава ќе има руски напад, па многу земји ги повикаа своите граѓани и дипломатскиот персонал да ја напуштат Украина.

Сепак, украинскиот престедател Зеленски критикува за паниката што се шири поради ваквите тврдења, потенцирајќи дека засега не гледа докази дека Русија планира инвазија во наредните денови.