Чешкиот претседател: Грешка беше укинувањето на задолжителната вакцинација

Милош Земан – претседателот на Чешка ја критикуваше новата коалициска влада на десниот центар за укинувањето на обврската за вакцинирање на лицата над 60 години.

„Тоа е грешка. Не само Австрија, туку и Германија и Белгија размислуваат за задолжителна вакцинација, со време ќе се приклучат и други земји бидејќи ќе дојдат нови мутации и би било добро да се заштитиме“ – рече претседателот Земан.

Тој нагласи дека сега нема причини за демонстрации против вакцинацијата во Чешка, бидејќи со ширењето на мутацијата Омикрон, „помина најлошото во пандемијата на Ковид-19“.

„Речиси сите во оваа земја веќе имале Ковид. Се намалува бројот на хоспитализирани и пред се починати, а можеме да се надеваме дека за 14 дена ќе видиме крај на епидемијата. Од тоа произлегува дека демонстрантите немаат од што да се плашат бидејќи најлошото е зад нас“ – рече Земан.