Обилни снежни врнежи во Турција, 20.000 домаќинства се без струја

Околу 20.000 домаќинства во централната турска провинција Испарта веќе три дена се без струја поради обилните снежни врнежи кои предизвикаа прекини и дефекти на мрежата.

Тамошните медиуми пренесуваат дека „обилниот снег и снежните виулици предизвикале сериозни оштетувања на енергетската инфраструктура, поради што на почетокот без струја во провинцијата Испарта останале 113.236 корисници“.

Работници од електродистрибуција работат на терен за да ја вратат енергијата во домовите, информираат надлежните.