Черепналкоски: Фотоволтаичните централи ова лето ќе страдаат со приходи

Прва финансиска берза се формираше во 1996 година. Неделава се случи првото тргување на берзата за струја во земјава. Цената на струјата, размената, понудата и побарувачката станаа актуелни во време на кризната енергетска состојба.

„Македонската берза е само уште една од повеќето берзи за електрична енергија, унгарската берза за енергија уште долги години ќе претставува стожер во овој дел од Европа. Веќе два дена се тргуваат по околу 300 мегават часови енергија дневно, искрено не очекував ни толку, тимот во МЕМО добро си ја врши работата“ – вели Златко Черепналкоски – директор за развој во брзорастечката компанија – ЕДС во најновото издание на Трилинг.

Тој вели дека „не постои светска цена на електрична енергија, пазарите се регионални. Кога збориме за цени, збориме за регионални. Цените се стабилизираа. Просечната цена од јануари 2023-та е на ниво 130 евра за мегават час, а во август лани таа цена одеше до 500 евра за мегават час“.

„Со децении наназад Европа увезуваше околу 40% од своите потреби за природен гас од Газпром, но со последните случувања, тие текови се прекинати. Сега Европа се снабдува со алтернативни извори, цаната на природниот гас уште долго време ќе ја дефинира цената на струјата“ вели тој.

За вишокот на електрична енергија од фотоволтацици, Черепналкоски вели „енергијата се продава на два начини, оние кои се малцинство, кои се повластени произведувачи, таа енергија ја откупува МЕМО. Кај нас има многу фотоволтаични централи кои енергијата ја продаваат на слободниот пазар“.

„Обновливите извори на енергија се добродојдени, но не се решение долгорочно. Проблемот со обновливи извори е што метеорологијата диктира, која е променлива. Интересот за инвестирање се зголеми затоа што пазарните сцени се качија, па се мислеше дека инвестицијата може да се врати за 2 години. Со сегашните сцени, прашање е дали и за 10 години може да се направи поврат. Фотоволтаичните централи ова лето ќе страдаат со приходи, цените во тие часови кога тие произведуваат многу паѓаат, заради преголемата понуда“ вели Черепналкоски.

Ако се соочиме со нова економско-енергетска криза, првиот предизвик, според него, би бил „енергетската ефикасност не е само клише, туку е спас за компаниите. ќе мора да инвестираат, ако успеат да го намалат трошокот за енергија, евентуалното поскапување, не би значело паралелно поскапување на нивните производи“.