Цената на нафтата скокна на 106 долари за барел

Денеска на меѓународните пазари цената на нафтата се искачи до 106 долари за барел, бидејќи најавите за координирана продажба на нафта од стратешките резерви не ги ублажија стравувањата од прекини во снабдувањето поради руската инвазија на Украина и санкциите против Москва.

Цената на барел нафта на лондонскиот пазар порасна за 7,83 долари во однос на претходното затворање, на 105,8 долари.

На американскиот пазар со барели се тргуваше во договори со рок на испорака во април за 8,27 долари повисоки, на 103,99 долари.

Економската изолација на Русија денеска се продлабочи откако големата логистичка компанија „Маерск“ објави дека ќе го прекине контејнерскиот сообраќај со Русија. Велика Британија им забрани влез во нивните пристаништа на сите бродови кои на кој било начин се поврзани со Русија.

Големите нафтени и гасни компании, вклучително БП и Шел, најавија повлекување од операциите и заедничките вложувања во Русија, додека францускиот Тотал соопшти дека нема планови за дополнителни инвестиции.