Путин со 5 услови за да ја прекине „воената операција“ во Украина

Претседателот на Русија –  Владимир Путин повтори дека Владата во Киев мора да ги признае самопрогласените „народни републики“ Луганск и Доњецк, како услов за завршување на „воената операција“ во Украина, соопшти официјален Кремљ.

Освен овие два услови, Русија бара од Киев да го признае суверенитетот на Русија над Крим, и да се обврзе дополнително да се откаже од нуклеарното оружје во иднина.

Покрај тоа, Украина, мора да биде демилитаризирана и да усвои неутрален статус – нагласи Владимир Путин.

Ова е прва изјава од ваков вид откако претставниците на Украина и Русија одржаа мировни преговори во Белорусија, во понеделникот.