Зеленски: Прекин на руското бомбардирање цивили, па на преговарачка маса!

Претседателот на Украина – Володимир Зеленски денеска изјави дека Русија мора да престане да ги бомбардира украинските градови пред да започнат преговорите за целосен прекин на огнот.

Во интервју Зеленски ги повика членките на НАТО да воведат зона на забранети летови за да ги запрат руските воздухопловни сили, нагласувајќи дека тоа ќе биде мерка на претпазливост што не треба да ја вовлече Алијансата во војна со Русија.

Зеленски ги одби понудите да го напушти главниот град додека руските сили напредуваат кон Киев. Тој рече дека неговата земја ќе бара законски обврзувачки безбедносни гаранции доколку НАТО ги затвори вратите за Украина за членство во Алијансата.

Зеленски во интервјуто за „Си-Ен-Ен“ и агенцијата „Ројтерс“ рече дека е потребно само да се запре руското бомбардирање на цивили, а потоа да се седне на преговарачка маса.