Русите го гаѓаа аеродромот во Чугујево и населби во Киев и Житомир

Нападите на украинските градови продолжија и синоќа, руските сили го бомбардираа аеродромот во Чугујево во Харковската област, изјави советникот на украинскиот министер за внатрешни работи – Антон Херашченко.

„Уште еден напад со крстосувачки ракети „калибар“ на аеродромот во Чугујево. Боевата глава тежи 500 килограми. Кутри, кутри луѓе“ – напишал Херашченко.

Тој истакна дека најмалку 10 лица загинале, а 35 се повредени во вчерашните ракетни напади на руските сили врз центарот на Харков, вториот по големина град во Украина.

Објавени се видео снимки и од ракетирањето на станбени населби синоќа во Киев и Житомир, град во северозападна Украина.

Гореле станбени згради, а луѓето се спасувале по нападот на воена база, соопшти украинската државна служба за вонредни состојби.

„Четири лица загинаа во Житомир, меѓу кои и едно дете. Русите истрелаа руска крстосувачка ракета која очигледно била насочена кон блиската воздухопловна база“ – изјави Антон Герашченко, советник на министерот за внатрешни работи на Украина.