Пет загинати и пет ранети во напад на телевизиска кула во Киев

Петмина загинати и уште толку ранети е епилогот по денешниот напад на руските сили врз телевизиска кула во Киев, соопшти државната служба за вонредни состојби на Украина.

„Пет лица загинаа, а пет се ранети во гранатирањето на телевизиската кула во регионот Шевченковски. Спасувачката операција продолжува“ – се наведува во соопштението.

Претходно украинските медиуми објавија дека руските сили ја погодиле ТВ кулата во Киев со два проектили.

Украинското МВР соопшти дека во нападот е оштетена опремата и дека „каналите нема да работат извесно време“.