Новиот бугарски министер за одбрана: Загарантирана е безбедноста на Бугарија!

Драгомир Заков – новиот бугарски министер за одбрана откако ја положи заклетвата денеска истакна дека доколку има потреба, силите на НАТО може да бидат стационирани на бугарска територија, но под одредени услови.

„Бугарија е членка на НАТО и зборот НАТО не е валкан збор. Доколку е потребно, претпоставувам дека сите Вие ​​би се чувствувале побезбедни доколку треба да дојдат силите на НАТО, но тоа ќе се направи по одредена процедура“ рече Заков.

Тој додаде дека е загарантирана безбедноста на Бугарија на црноморската граница.

„НАТО веќе ги активира плановите за одговор. Црното Море е дел од оваа област на одговорност на НАТО, така што можете да бидете апсолутно сигурни дека Црното Море е безбедно“ рече тој.