Борел: Не прогласуваме војна против никого, само застануваме покрај жртвата

Жозеп Борел – високиот претставник на ЕУ за надворешна политика на вонредната пленарна седница на Европскиот Парламент за Украина порача дека Русија се наоѓа на критичен крстопат, воедно и крај на една ера во нејзините односи со ЕУ.

Тој порача и дека договорите од Минск, кои по војната од 2014 служеа како основа за преговори помеѓу Москва и Киев, се сега мртви, по вина на рускиот претседател.

„Овој ужасен конфликт може само да доведе до позитивен исход, а тоа е Русија да ги почитува фундаменталните принципи, мораме да ја искористиме оваа прилика за да ставиме на маса повелби со механизми кои ќе ја осигурат безбедноста“ – рече Борел.

„Мораме да станеме цврста сила, тоа не се однесува само на војска, туку да имаме моќ да присилуваме и да влијаеме врз одлуки“ – објасни Борел пред европратениците.

За првпат во својата историја ЕУ по предлог на Борел, ќе финансира испраќање на оружје во трета земја, Украина.

„Не прогласуваме војна против никого, сѐ што правиме е застанување покрај жртва на агресија и зачувување на безбедноста“ – рече Борел.