„Руската инвазија на Украина ја враќа Европа во темни и опасни времиња“

„Секогаш сме биле на вистинската страна на историјата и истото го правиме и сега“ е пораката на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис за време на специјалната расправа за ситуацијата во Украина, свикана по негово барање.

Нападот на Русија врз Украина го осудија поголемиот дел од опозициските партии, меѓу кои и СИРИЗА.

Премиерот на Грција рече дека е јасно дека „влегуваме во друга историска ера, соочени со опасности за кои сега мислевме дека сме ги истерале“.

Лидерот на СИРИЗА – Алексис Ципрас истакна дека руската инвазија на Украина „ја враќа Европа, но и целото човештво, во темни и опасни времиња“.

И Мицотакис и Ципрас истакнаа дека единствена опција е да се поддржи Украина и украинскиот народ, како и санкциите воведени за Русија.

Ципрас рече дека одговорната позиција на Грција треба да биде активна поддршка за украинскиот народ, „поддржувајќи ги силните санкции насочени против Русија, со цел да стави крај на инвазијата и да се врати на патот на дипломатијата“.