Џонсон: Украинците кои се во Британија нека ги донесат роднините

Борис Џонсон – премиерот на Велика Британија денеска предупреди на зголемените размери на хуманитарната криза предизвикана од воените конфликти во Украина и зголемениот број бегалци. Тој рече дека бројот на бегалци може да се зголеми на над милион и понуди Британија да прифати 200.000 Украинци.

„Ќе им олесниме на Украинците кои веќе живеат во Велика Британија да ги донесат своите роднини во нашата земја. Иако е тешко да се проценат точните бројки, може да има повеќе од 200.000“ – рече Џонсон за време на посетата на Варшава.