Филков: ЗНАМ стои зад ставот дека според Уставот и важечките закони правосудниот испит може да се полага само на македонски јазик

Согласно Уставот и важечките закони во Република Македонија, правосудниот испит може да се полага исклучиво на македонски јазик. Во моментов не постои законска можност за полагање на друг јазик, изјави на прес-конференција Игор Филков, претседавач на Централниот одбор на Движењето ЗНАМ - За наша Македонија и министер за правда до јуни годинава.

Согласно Уставот и важечките закони во Република Македонија, правосудниот испит може да се полага исклучиво на македонски јазик. Во моментов не постои законска можност за полагање на друг јазик, изјави на прес-конференција Игор Филков, претседавач на Централниот одбор на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија и министер за правда до јуни годинава.

Како што рече, во ЗНАМ се доследни и принципиелни на ставот што тој го застапуваше уште како министер и дека сè уште стои зад истиот став.

-Во моментов нема можност за полагање на друг јазик според Уставот и законите на Република Македонија. Да почекаме да се изнајде решение, да го видиме, потоа ќе разговараме, изјави Филков.

Како што рече, не се работи дали е тој против или за и дека не се противи „никој да полага на оној јазик којшто е овозможен согласно законите и Уставот“, а од медиумите дознал за т.н. хибридно решение.

-Но она што мене ме загрижува е тоа што ваквото хибридно решение, да го наречеме така, беше ад акта одбиено од оние коишто се бунат и се противат да полагаат на јазикот кој утре треба да се употребува во сите оние институции каде што планираат да работат како судии, адвокати, обвинители и слично.

Тоа е повеќе од загрижувачко, додаде Филков.