ФБИ заплени документи од имотот на Трамп на Флорида

Агентите на ФБИ при претресот на имотот на поранешниот американски претседател Доналд Трамп на Флорида заплениле 11 комплети доверливи документи, вклучително и некои строго доверливи, пишува денешен „Волстрит журнал“.

Рацијата била извршена оваа седмица, со упад во имотот на Трамп во Мар-а-Лаго, во рамки на истрагата за тоа дали тој незаконски отстранил документи од Белата куќа кога ја напуштил функцијата минатиот јануари.

Според листата одземени предмети за кои пишува весникот, агентите на ФБИ притоа 20 кутии со документи, фото албуми, рачно напишана белешка и извршна наредба за помилување на сојузникот на Трамп, Роџер Стоун. Запленети се и информации за „претседателот на Франција“, пишува „Волстрит журнал“, но не е јасно дали се работи за актуелниот шеф на државата Емануел Макрон.