Утрово во Црна Гора измерени -33 степени

Температура од -33,2 Целзиусови степени утрово е измерена во Црна Гора, во местото Косаница, во општина Плевља.

Досегашниот рекорд како најниска температура во земјата била регистрирана во 1985 година, во Рожаје – минус 32 степени.

Денеска во земјата е претежно сончево време, а во северниот дел има посилен мраз. По котлините со појава на магла или зголемена ниска облачност.