Ѓилас: Вучиќ ќе падне на избори во април

Драган Ѓилас – претседателот на Партијата за слобода и правда тврди дека претседателот на Србија, Александар Вучиќ ќе ги загуби изборите во април. Во гостување за телевизијата „Н1“ тој изјави дека истражувањето покажало дека Вучиќ ќе ги загуби изборите.

„Тој (Александар Вучиќ) од истражувањата гледа дека е на прагот да победи на изборите, затоа (лидерот на Социјалистичката партија на Србија Ивица) Дачиќ нема да се кандидира, за да не ја загрози победата на Вучиќ“ – рече Ѓилас.

Според него, пензионираниот генерал Здравко Понош е најдобар кандидат за претседател на Србија.

Ѓилас оцени дека ССП пред да го соопшти предлогот на кандидатот во јавноста, го презентирала пред коалициските партнери и посочи дека главниот фокус треба да биде на 3 април кога се изборите, а не „кој кого и кога предложил“.

„Не е суштината кој го предлага, туку каков човек предлагаме за претседател на Србија“ – нагласи Ѓилас.