Украина – 64 цивили убиени и над 160.000 внатрешно раселени

Агенцијата за помош на ОН соопшти дека најмалку 64 цивили се убиени, а повеќе од 160.000 се во движење откако руските трупи влегоа во Украина оваа недела.

„Од 17:00 часот на 26 февруари, (Канцеларијата за човекови права на ОН) ОХЦХР известува за најмалку 240 цивилни жртви, вклучително и најмалку 64 загинати“, се вели во статусниот извештај на Канцеларијата на ОН за координација на хуманитарни прашања.

Вистинските бројки, веројатно ќе бидат „значително повисоки“.

Оштетувања на цивилната инфраструктура оставија стотици илјади луѓе без струја и вода. Стотици домови беа оштетени или уништени, додека мостови и патишта погодени од гранатирање оставија некои заедници отсечени од пазарите, се вели во извештајот.

Спореед УНХЦР – повеќе од 160.000 луѓе се внатрешно раселени, а повеќе од 116.000 биле принудени да избегаат во соседните земји.