Зеленски подготвен за разговори со Русија, ама не во Белорусија

Претседателот на Украина – Володомир Зеленски вели дека е подготвен за разговори со Русија, ама не во Белорусија.

„Варшава, Братислава, Будимпешта, Истанбул, Баку. Ги предложивме сите“, рече тој во онлајн обраќање.

Кремљ денеска соопшти дека руска делегација е подготвена да се сретне со украинските претставници во белорускиот град Гомел.

„Во согласност со договор, руска делегација составена од претставници на Министерството за надворешни работи, Министерството за одбрана и други агенции, вклучително и претседателската администрација, пристигна во Белорусија на разговори со Украинците – изјави портпаролот на Кремљ – Дмитриј Песков.