ТВ обраќање на Путин – пофалба за „херојството“ на специјалните сили на Русија

Претседателот на Русија – Владимир Путин утринава имаше кратко обраќање на јавноста, првпат по неговото прво обраќање во петокот.

Путин ја нарече руската инвазија на Украина „специјална операција за давање помош на народните републики во Донбас“ и го поздрави „херојството“ на руските специјални сили кои се борат во Украина. Новинската агенција „Интерфакс“ го пренесе неговото обраќање:

„Посебна почит им оддавам на оние кои херојски ја извршуваат својата воена должност за време на специјалната операција за давање помош на народната република Донбас овие денови“ – е пораката на рускиот претседател.